Фото: ФК Вардар

ФОТО | Вардар ги почна подготовките во Италија

Актуелниот македонски шампион Вардар од вчера се наоѓа во Норчија, Италија, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.

Тимот работи под водство на новиот тренер, аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, но на стартот од подготовките нема да биде комплетен составот. Дел од играчите добија дополнителен одмор поради репрезентативните обврски. Според планот, репрезентативците на Вардар се очекува да се вратат во тренажен процес на 14 јуни.

За време на престојот во Италија, црвено-црните ќе одиграат и пет пријателски натпревари како дел од проверката на формата пред европските предизвици.

Ждрепката за квалификациската фаза од Лигата на шампионите е закажана за 16 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот