ВИДЕО | Босанците прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто
Вечерва од 21 часот по средноевропско време фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го игра првиот натпревар од групата Б на Светското првенство против едeн од домаќините на Мундијалот, Канада.
Препорачано
На социјалните мрежи се појавија бројни снимки и фотографии на кои се гледаат колони автомобили украсени со знамиња на Босна и Херцеговина како минуваат низ улиците на Торонто каде што ќе се игра дуелот.
Сирените, песните и развиорените знамиња создаваат атмосфера каква ретко се гледа и јасно покажуваат колкава поддршка имаат „змејовите“ далеку од својата татковина.
Според проценките на организаторите, се очекува во текот на денот и вечерта во Торонто, како и на самиот стадион, да се соберат околу 30.000 навивачи на Босна и Херцеговина.
🇧🇦Bosnia-Herzegovina fans earlier today in Toronto! #FIFAWorldCup #CANBIH 🇨🇦🇧🇦 🎥: Special_ News10 pic.twitter.com/sNIBq8229f
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) June 12, 2026
Канадските медиуми стравуваат: Босанците ќе имаат поголема поддршка од домаќинот


