ВИДЕО | Мундијалски вести: Шакира станува заштитно лице на Мундијалите, историја за Мора, поранешен „звездаш“ е херој на Јужна Кореја
Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Кореја на легендарниот стадион „Ацтека“ се крена завесата на 23. издание на Светското првенство.
Препорачано
На натпреварот претходеше, вистински спектакл во режија на колумбиската музичка ѕвезда Шакира изведувајќи ја премиерно песната „Dai Dai“, која е официјалната химна на мундијалот.
На воведниот натпревар, репрезентацијата на Мексико беше сигурна и славеше над Јужна Африка со 2-0 во натпревар со повеќе црвени картони него погодоци. Мексиканскиот репрезентативец Гилберто Мора стана нов рекордер во историјата на мексиканскиот фудбал, откако се запиша како најмладиот фудбалер кој некогаш настапил за Мексико на едно Светско првенство.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
На вториот натпревар, кој беше одигран во 3 часот по средноевропско време силите ги одмерија Јужна Кореја и Чешка во која поуспешни беа „Црвените ѓаволи“ поради одличната партија на поранешниот играч на Црвена звезда Ин-Бом Хванг, кој постигна гол и забележа асистенција во триумфот на својот тим.


