Јужна Кореја славеше над Чешка на стартот на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја со победа го отвори настапот на Светското првенство, совладувајќи ја Чешка со 2-1 во натпревар од првото коло во групата А. Херој на азиската селекција беше Ин-Бом Хванг, кој постигна гол и асистираше при победничкиот погодок.
Препорачано
Иако Корејците беа подобар ривал во поголемиот дел од средбата, Чешка прва поведе во 59. минута преку капитенот Ладислав Крејчи. Сепак, Јужна Кореја брзо возврати, а Хванг во 69. минута донесе израмнување по асистенција на Канг Ин Ли.
Комплетниот пресврт беше режиран во 80. минута кога Хванг одлично го проигра резервистот Хјеон Гју Ох, кој ја затресе мрежата за конечни 2-1. Во завршницата Чесите притиснаа, но голманот Сеунг Гју Ким со неколку одлични интервенции ја зачува предноста на својот тим.
Во следното коло Јужна Кореја ќе игра против домаќинот Мексико, додека Чешка ќе се соочи со Јужна Африка.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
Мексиканскиот репрезентативец Хилберто Мора урна рекорд стар 96 години
ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026


