Фекалии на плажа / Фото: Vijesti

ВИДЕО | Неславен почеток на туристичката сезона во Будва — канализацијата повторно се излеа во морето

Уште една туристичка сезона во Будва започнува со сцени што ниту еден град што сака да биде регионална туристичка дестинација не треба да ги дозволи, бидејќи отпадните води повторно се излеаја во каналот меѓу популарните ресторани на самата Словенска плажа, пред очите на бројни капачи, пишува „Вијести“.

Фекталии повторно се излеаја во каналот меѓу популарните ресторани на плажата и пред очите на бројни капачи непречено се влеваа во морето.

„Заразата им се заканува на туристите“, „Фекталија оди во морето“ – ова се само дел од насловите во регионалните медиуми кои пренесоа информации за еколошкиот инцидент што се случи за време на викендот во црногорската престолнина на туризмот, пишува „Вијести“.

Лошиот публицитет пред главната сезона, од која градот и земјата очекуваат многу, доаѓа во време кога Црна Гора се надева на поголем број гости, сметајќи на фактот дека воените настани на Блискиот Исток би можеле да влијаат на изборот на туристички дестинации.

Охрид: Кафеава вода истекува во езерото, надлежните велат – не се фекалии

За жал, пишува овој медиум, Будва со децении нема трајно решение за сериозните проблеми во областа на отстранувањето и управувањето со отпадните води.

Иако градот потроши десетици милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води во населбата Вјештица во Бечиќи, излевањето на фекалии, особено во текот на летните месеци, стана честа појава. Честите проблеми со излевањето на фекалии покажуваат дека градот сè уште се справува со последиците, додека причините остануваат нерешени.

Подрумите на зградите во „Скопјанка“ се поплавиле со фекалии, станарите велат: Никој не реагира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот