Фото: СДК.мк

Подрумите на зградите во „Скопјанка“ се поплавиле со фекалии, станарите велат: Никој не реагира

Дел од подрумските простории на зградите во рамките на трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром се поплавени со фекалии, објави „СДК.мк“.

Се работи за деловни објекти, дел издадени, а дел празни, кои се сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор. Во празните објекти има препумпна станица која не работи, поради што фекалиите се излеваат низ просториите.

Станарите за порталот велат дека никој не реагира на нивните поплаки, додека од подрумите се шири неподнослива смрдеа, а загрозено е нивното здравје, Исто така, опасност е водата да дојде во допир со струја, што може да предизвика пожар.

„Веќе со фекалии се поплавени неколку деловни простории кои се лоцирани на нивото „минус еден“ бидејќи препумпната станица, која исто така е во сопственост на Акционерското друштво во државна сопственост, не работи. Во поплавените делови има осигурувачи за струја, па ако не е исклучена, постои опасност од струен удар или пожар, што дополнително ја загрозува безбедноста на станарите на зградата. Бараме итна реакции од Општина Аеродром оти од Акционерското друштво не преземаат ништо. Ни велат ние, станарите да сме го презеле одржувањето на подрумските простории, кои се нивна сопственост“, велат станарите.

Директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Јован Лукаров, вели дека одржувањето на препумпната станица не е нивна одговорност и дека тој им предложил на станарите сите заедно да се вклучат во плаќањето за да се реши проблемот.

„Препумпната станица е за сите во зградите, и затоа јас на инспекторите во Општина Аеродром им предложив сите да учествуваме во одржувањето процентуално, зависно од тоа колку простор имаме, односно да плаќаме и ние, но и станарите. Како што за лифтот во зградите плаќаат сите, така треба и за овој случај. Тоа е заеднички интерес и треба сите да го одржуваме“, вели Лукаров.

ВИДЕО | Карпошани со страв се движат од глутниците кучиња – „Независни за Карпош“ бараaт итно решение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот