Бомба во ѓубрето пукнала при празнење на контејнер во Бања Лука
Силна експлозија утрово ја вознемири Бања Лука, откако бомба фрлена во контејнер за отпад експлодирала при негово празнење во камион, објави „Нова“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според првичните информации, работниците од комуналното претпријатие „Чистота“ не забележале ништо сомнително во отпадот и го испразниле контејнерот како секогаш.
Експлозијата се случила непосредно откако содржината од контејнерот била истурена во камионот.
Очевидци и работници наведуваат дека најпрво одекнала силна детонација, а веднаш потоа уште една, при што возилото било значително оштетено.
За среќа, нема повредени лица, иако дел од работниците биле во непосредна близина.
„Го испразнивме контејнерот и само неколку моменти подоцна одекна силна експлозија. Беше страшно, но имавме среќа што никој не беше повреден“, изјави еден од вработените.
На местото на инцидентот веднаш пристигнале полициски и противпожарни екипи, како и припадници на цивилната заштита, кои го обезбедиле просторот и започнале увид.
Во моментов се утврдува како експлозивната направа се нашла во контејнерот и дали станува збор за намерно фрлена бомба или друг вид воена направa.
Истрагата треба да ги разјасни сите околности на инцидентот кој предизвика паника меѓу жителите.
Непознат напаѓач фрлил бомба врз куќа во Белград, пукнала додека семејството било внатре


