Александар Вучиќ / Фото: EPA/EFE / Koca Sulejmanovic

Оставка ќе поднесам за три или четири месеци, размислувам за кандидатура за премиер, најави Вучиќ

„За три-четири месеци, можеби и порано, ќе поднесам оставка“. Ова попладнево го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката партија СНС за претстојните парламентарни избори во Србија, пренесува Н1.

Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека поднесува оставка“.

„Почнав да ги пакувам книгите од Претседателството. Ќе донирам 1.200 што ги добив за време на мојот мандат на некоја институција, се уште размислувам која“, рече Вучиќ.

Тој додаде и дека секој ден размислува дали да се кандидира за премиер, како и за нов кандидат за претседател на сегашната влада.

„Тоа ќе биде некој поодговорен, се осмелувам да кажам пообразован, поенергичен и човек кој знае што е држава. Тој сигурно ќе биде пообразован од нивните двајца кандидати, ректорот Владан Ѓокиќ и кошаркарот Дејан Бодирога“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека на собирот што ќе се одржи на 27 јуни во Белград, ќе ја претстави листата на СНС за претстојните вонредни парламентарни избори, за кои рече дека ќе се одржат за неколку месеци.

„Нема да има избори во јули или август“

Вучиќ прецизира дека изборите нема да се одржат во јули и август.

„Избори ќе има за неколку месеци. Дали ќе бидат за три или четири, тоа е друго прашање, техничко прашање… Нема да има избори во јули или август, тоа е сигурно. А дали ќе бидат распишани е друго прашање, но нема да бидат во јули и август“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека на 27 јуни државата ќе излезе со план и програма, но исто така ќе се знае како ќе се вика листата на СНС пред најавените предвремени избори.

Додаде дека идејата е „да се доведат деца на митингот на 27 јуни и да им се дозволи да си играат“.

Вучиќ претходно најави дека следните избори во Србија ќе се одржат во периодот од крајот на септември до средината на ноември 2026, нагласувајќи ја подготвеноста за политички дијалог и покрај, како што рече, одбивањето на дел од опозицијата.

Вучиќ најави избори во Србија помеѓу септември и ноември оваа година

Во изминатиов период, студентите од Србија, кои на повеќе пати одржаа антивладини протести, рекоа дека нивниот фокус сега е насочен кон изборна мобилизација, граѓански собири и директни разговори во селата, таму каде што власта на Александар Вучиќ со години е најсилна.

Српскиот студент Стојановиќ ексклузивно за „Слободен печат“: Луѓето мислат дека се откажуваме, но ние го менуваме фокусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот