Кир Стармер, премиер на Велика Британија/ Фото: PjrNews / Alamy / Profimedia

Дмитриев ги повика „вонземјаните“ да го убедат Стармер да поднесе оставка

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји и генерален директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, иронично преку ги покани „вонземјаните“ да помогнат во убедувањето на британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка.

Дмитриев објави порака на социјалната мрежа Х во која, со сатиричен тон, им се обрати на странските цивилизации кои, како што наведе, се подготвуваат за контакт со човештвото.

„Драги вонземјани, додека се подготвувате за контакт со човештвото, ве молам да ја покажете вашата семоќ и љубезност со тоа што ќе го убедите Кир Стармер да поднесе оставка“, напиша Дмитриев.

Тој додаде дека за ова, како што наведе, не е потребно ниту „киднапирање“ ниту „испитување“, туку дека британскиот премиер едноставно треба да биде информиран за тоа што луѓето мислат за него.

Според Дмитриев, оставката на Стармер би можела да донесе „надеж за западната цивилизација“.

Во Велика Британија, премиерот Стармер се соочува со критики за домашната политика, економските проблеми и курсот на Лондон во меѓународните односи.

Немирите во Белфаст се неоправдани, мора да се воспостави ред, рече Стармер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот