Николовски и Трипуновски наддаваа кој повеќе го уништил земјоделството
Мариела Трајковска
Пред
Главниот дуел го водеа поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски од една страна, и министерот Цветан Трипуновски од друга. Пратениците, пак, мавтаа со документи за „наместени“ договори, а паднаа и закани за тоа кој пред која институција допрва ќе треба да одговара.
Со меѓусебни обвинувања СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој повеќе го опустошил, украл и се корумпирал во ресорот земјоделството, пратениците расправаа за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на социјалдемократите.
Главниот дуел го водеа поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски, и министерот Трипуновски. Пратениците, пак, мавтаа со документи за „наместени“ договори, а паднаа и закани за тоа кој пред која институција допрва ќе треба да одговара.
Николовски: Земјоделството редовно ви е во црната хроника
– Министре, во вашиот двегодишен мандат не исполнивте ниту едно дадено ветување. Корупција на сите нивоа, а каде и да погледнат земјоделците, гледаат малку пари за нив. Вие, незадоволни од нивните коментари, не можете да стигнете да ги избришете коментарите, бидејќи само тоа го работите. Мандатот ви почна со слоганот „спас за земјоделците“, а ви завршува со скандали, корупција, запрени ИПАРД-фондови и блокирани, намалени и неисплатени субвенции. Катастрофа! Ако ги читате насловите во медиумите, земјоделството редовно ви е во црната хроника – рече Николовски во образложението на интерпелацијата.
Љупчо Николовски Фото: Скриншот
Како потврда за корупција во ресорот, Николовски рече дека се уапсени двајца актуелни директори, а обвини и дека доцнат субвенциите за сточарите, дека за две години не е купен ниту еден трактор, дека се скратени субвенциите за тутунот, дека државна поддршка доаѓа предоцна…
– Ништо не презедовте за сомнителниот увоз на млеко. Не направивте редовен мониторинг, споменувате инвестиции за механизација, а укинати се цели програми за микропроизводители. Ќе останете запаметен по скандалот со ИПАРД-фондовите што се блокирани една година. Криевте дека е прекината ИПАРД-програмата. Има многубројни реакции за судски постапки за мобинг. Ветувавте повеќе субвенции, а реализиравте само корупциски скандали, дури и синдикатот побара оставка од министерот – рече Николовски.
Трипуновски во своја одбрана го нападна ексминистерот Николовски дека во време на неговото министерување, земјоделците останале разочарани и со празни раце.
Цветан Трипуновски фото: Скриншот
– Наводите за системска корупција се невистинити паушални и неиздржани обиди за добивање политички поени. Седум години имавте шанса да ја поправите состојбата во земјоделството и жалам што Николовски вака сака да опстојува на политичката сцена. Го колабиравте системот и направивте хаос во институциите. Денес токму СДСМ и вие, Николовски, сакате да прикажете дека проблемите почнале со нас, а не во вашето владеење. Вие сте главниот виновник за она што го затекнавме во ресорот. Вашето време како министер за земјоделство ќе биде запаметено по криминалот што цветаше. За тоа се поднесени и кривични пријави за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување Поднесена е кривична пријава од мене против вас за договори за закуп за државно земјоделско земјиште. Унапредувања без запазување на процедурите. Сите пријави ќе треба да ги објасните на друга адреса. Не се заканувам, јас како министер требаше да ја проверам вашата работа – рече Трипуновски.
Министерот се пофали дека обезбедиле пари за заостанатите плати, кој Николовски не ги исплатил за некои претпријатија, дека Брисел го признал доброто работење на Министерството и побара Николовски да им се извини на јавноста и на земјоделците.
– Бројте денови до денот кога ќе ги исплатиме субвенциите за тутунарите. Има зголемени субвенции за говедарството и овчарството. Ширите демагогии и лаги. Ќе продолжиме посветено да работиме, земјоделците треба да бидат спокојни. Нема откажување, довербата што ја добивме, ќе ја оправдаме – рече Трипуновски.
Станковиќ: Немој, бе, Љупчо, само ти не зборувај за корупција
Миле Талески од СДСМ рече дека Трипуновски е најнеспособниот министер, бидејќи зборувал за сè, само не за тоа што не го сработил.
Миле Талески Фото: Скроншот
– Повеќето од вас потсвесно ја поддржувате интерпелацијата. Ова не е само интерпелација за Трипуновски, туку и за Мицкоски, бидејќи системски се крадело и продуцирале скандали што ја потресоа државата. Кога се блокираат 120 милиони европски средства, некој мора да одговара. Ветивте реформи, а земјоделците добија намалување на субвенциите. Каде се парите и зошто се уште ги лажете земјоделците? Дали по пустошот што го направивте вие ќе си поднесете оставка, а не Собранието да ве разреши – праша Талески.
Малиша Станковиќ му реплицираше на Николовски тој да не зборува за корупција.
– Ти имаш девет кривични пријави. Немој, бе, Љупчо, само ти не зборувај за корупција и за мобинг – рече Станковиќ.
Трипуновски, пак, го праша Талески дали е за или е против корупција, бидејќи кога ги фатиле двајцата актуелни функционери, веднаш им биле поднесени кривични пријави.
Малиша Станковиќ Фото: Скриншот
– Не се откажуваат од дискусија за мојата интерпелација за да има време да разјасниме многу работи. За ИПАРД, Брисел кажа дека средствата се одблокирани – рече Трипуновски.
Талески му одговори дека министерот е синоним за корупција бидејќи првиот договор што го потпишал како министер бил со ќерката на тој што зел 50.000 евра.
Станковиќ повторно му реплицираше на Николовски дека ја иницирал интерпелацијата, бидејќи е поврзан со претходниот градоначалник на Кривогаштани од СДСМ, кому му е одземена лиценцата за откуп на земјоделски производи и дека тоа му е болката на Николовски.
– Вашата цел е да го заштитите криминалот на СДСМ, кој испливува на површина – рече Станковиќ.
Талески возврати дека Станковиќ го брани уапсениот директор, кој е „фатен жив со парите в џеб“, бидејќи бил од Социјалистичката партија.
Се очекуваше пратениците за интерпелацијата на Трипуновски да гласаат во крајниот рок – вечерва, пред полноќ, бидејќи за збор беа пријавени 32 народни избраници.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Судијата на кој САД му забрани влез е дочекан како херој во Сомалија 2 Вести на „Слободен печат“ 3 Деца на игралиште пронашле салама покриена со силниот отров ланате, „Лајка“ бара …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Судијата на кој САД му забрани влез е дочекан како херој во Сомалија 2 Вести на „Слободен печат“ 3 Деца на игралиште пронашле салама покриена со силниот отров ланате, „Лајка“ бара …