Стојанче Ангелов / Фото: ДЗС

ВИДЕО | „Помогнете ни со пожарите и заработете 2.150 евра“— Ангелов ги повика пензионираните полицајци, пожарникари и војници

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) објави јавен повик до поранешни припадници на полицијата, Армијата и противпожарните единици да се вклучат во претстојната сезона на гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари. За ангажман од три месеци, заинтересираните ќе добиваат по 44.000 денари месечно нето, односно вкупно 132.000 денари или околу 2.150 евра, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Како што нагласи Ангелов, ДЗС има потреба од возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни пумпи вградени во возилата, како и оператори со противпожарни водни ранци и метли.

„Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејќи ги пожарите на отворен простор кои претстојат пред нас“, се наведува во повикот.

Станува збор за ангажман на лица кои имаат најмалку пет години искуство во полицијата, Армијата или противпожарните служби, без разлика дали се пензионирани или од други причини ги напуштиле овие институции.

Од Дирекцијата информираат дека работното време ќе биде прилагодено на потребите на теренот и ќе зависи од обемот на пожарите. Ангажираните лица ќе бидат повикувани кога ќе има зголемен ризик и потреба од интервенции, а слободните денови ќе се усогласуваат според состојбите на теренот и потребите на персоналот.

За пензионираните кандидати е нагласено дека нивната пензија нема да биде прекината, туку ќе продолжи редовно да се исплаќа, додека надоместокот за ангажманот ќе го добиваат дополнително преку договор на дело.

Дирекцијата ќе обезбеди здравствени прегледи, проверка на психофизичката подготвеност, кратка противпожарна обука, униформи и неопходна опрема. По завршувањето на обуката, ангажираните лица најпрво ќе бидат вклучени во полесни интервенции, а потоа и во посложени акции за гаснење пожари низ целата држава.

Во акцијата ќе бидат користени 22 специјални возила „Пинцгауер“, пет „Хермелини“ и 15 пренаменети БТР возила за противпожарни намени.

Владата ќе ангажира 400 привремени пожарникари: Сите млади и физички способни да се пријават на огласот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот