Фото: 24инфо.мк

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево се влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители.

Од Обвинителството за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информираа само дека:

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, без да понудат детали.

Неофицијално, некои медиуми објавија дека е уапсен в.д директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во акција по наводна пријава за примање поткуп за доделување договор за финансиска поддршка преку ИПАРД-програмата.

Од ОЈО ГОКК најавија дека дури утре ќе објават детали за акцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот