Николоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродром
Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според планираната динамика и се очекува да биде завршена до крајот на летото, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Препорачано
При посетата на општина Дебарца заедно со премиерот Христијан Мицкоски, Николоски информираше дека истовремено се реализираат четири инфраструктурни проекти на аеродромот, а нивната реализација е завршена меѓу 80 и 90 проценти.
-Работите се одвиваат според планот и очекувам зададениот рок – крајот на летото – да биде испочитуван. Од 15 август надлежните институции, меѓу кои Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, Царината, МВР и Агенцијата за национална безбедност, ќе започнат со процедурите за аеродромот целосно да ги исполни сите безбедносни стандарди и да биде функционален- изјави Николоски.
Тој истакна дека со реконструкцијата Охрид ќе добие значително модернизиран аеродром, со нова административна и терминална зграда, што ќе овозможи подобри услови за патниците и поголем капацитет за прием и опслужување на авиони.
Николоски додаде дека Охридскиот аеродром бележи континуиран раст на бројот на патници и дека Владата ќе продолжи со активности за понатамошен развој и унапредување на неговите капацитети.
За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје


