Емре Назиф / фото: Државен универзитет во Тетово / Фејсбук

Студент од Крушево почина во Германија, ректорот на ДУТ изрази сочувство

Универзитетот во Тетово на социјалните мрежи ја соопшти тажната вест за смртта на својот студент Емре Назиф од Крушево, кој го загубил животот во Германија, оставајќи во жалост семејство, пријатели, колеги и академската заедница.

Ректорот на Државниот универзитетот во Тетово, проф. д-р Куштрим Ахмети, упати телеграма со сочувство до семејството на починатиот студент, истакнувајќи дека неговата прерана смрт претставува голема загуба.

Во телеграмата, Емре Назиф е опишан како примерен студент на Катедрата за англиски јазик, кој со својата посветеност, одговорност и човечки квалитети оставил силен впечаток кај професорите и колегите. Како што наведува ректорот, Емре бил препознатлив по својата мудрост, сериозен пристап кон студиите, културно однесување и вредности кои го издвојувале како личност.

„Емре ќе остане во сеќавањето на професорите, студентите и на сите оние кои ја имале привилегијата да го познаваат“, стои во телеграмата со сочувство.

Во име на Универзитетот, ректорот Ахмети упати најискрено сочувство до семејството Назиф, роднините, пријателите, колегите и целата академска заедница, посакувајќи им сила и храброст во овие тешки моменти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот