Никој не може да го симне Инфантино од врвот на ФИФА, ќе добие уште еден мандат
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби поддршка од дури 99 проценти од членките на Светската фудбалска федерација за нов претседателски мандат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според информациите на „Гардијан“, само уште неколку од вкупно 211 национални федерации треба официјално да ги достават своите писма за поддршка, што практично значи дека Инфантино на Конгресот на ФИФА во март ќе обезбеди и четврти мандат на челната функција.
Интересно е што меѓу малкуте федерации кои сè уште не дале официјална поддршка е и Германскиот фудбалски сојуз кој засега не се изјаснил јавно.
Рокот за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември, а до тогаш федерациите имаат можност да ја повлечат својата поддршка или да ја пренасочат кон друг кандидат.
Сепак, во моментов Инфантино е единствениот кандидат за претседателската функција, па речиси е извесно дека ќе остане на чело на ФИФА и во наредниот мандат.
Иако за време на актуелното Светско првенство ФИФА и нејзиното раководство беа мета на бројни критики од навивачи, медиуми и дел од фудбалската јавност поради одредени организациски и судиски прашања, тоа очигледно не влијаеше врз расположението кај националните федерации. Напротив, огромното мнозинство членки му ја дадоа својата доверба на Инфантино и му отворија пат за нов четиригодишен мандат.
Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година


