Фото: EPA/BENJAMIN FANJOY

Балогун ги скара УЕФА и ФИФА

Фоларин Балогун ќе може да настапи во осминафиналето против Белгија, откако ФИФА донесе одлука со која се укинува автоматската суспензија од еден натпревар по неговиот црвен картон. Одлуката предизвика бурни реакции во фудбалската јавност и критики од повеќе страни, а на крај реагираше и УЕФА.

Во официјално соопштение, УЕФА оцени дека ваквиот потег претставува сериозно отстапување од воспоставените правила на играта и може да создаде преседан во тековниот турнир. Според нив, автоматската суспензија по директен црвен картон не е предмет на дискреционо толкување и мора да се применува еднакво за сите учесници.

„Ваквата одлука создава преседан на тековниот турнир, каде што слични ситуации сега ќе бараат еднаков третман, на штета на самото натпреварување“, се наведува во реакцијата, при што се истакнува дека интегритетот на фудбалските натпреварувања може да биде доведен во прашање доколку правилата не се применуваат доследно.

Од УЕФА дополнително посочуваат дека фудбалот се темели на јасни и универзални правила кои важат за сите турнири и учесници, и дека исклучоци од нивната примена во текот на натпреварување можат да имаат долгорочни последици врз довербата во спортот.

Одлуката на ФИФА веќе предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, каде дел од критиките се насочени кон потенцијална нееднаква примена на дисциплинските правила во најголемите натпреварувања.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот