Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Сандро Тонали официјално е нов фудбалер на Тотенхем

Тотенхем денеска објави дека 26-годишниот Италијанец Сандро Тонали е нов играч на англискиот фудбалски клуб.

Според информациите, Тотенхем ќе плати приближно 115 милиони евра за Тонали, вклучувајќи ги и бонусите.

– Многу сум среќен што сум тука. Кога пристигнав во клубот, се чувствував фантастично. Луѓето велеа дека има четири или пет клуба – имаше само еден. Разговарав со главниот тренер речиси два часа за клубот, навивачите, стадионот и нашиот фудбал. Беше како магија бидејќи веднаш знаев дека морам да потпишам за Тотенхем. Играв против Тотенхем неколку пати и секогаш наоѓав одлична атмосфера создадена од одлични навивачи. Едвај чекам да ја започнам сезоната – рече Тонали за клупскиот сајт.

Упорна, креативна и енергична фигура во средниот ред, Тонали доаѓа во Тотенхем од редовите на Њукасл чиј дрес го носеше од 2023 година со 79 настапи и пет голови.

Пред да се пресели во Англија, играше во Италија за тимовите на Бреша и Милан. За најдобрата италијанска репрезентација досега 32 настапи и четири погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот