Џани Инфантино и Доналд Трамп/ EPA/MICHAEL REYNOLDS

Клоп: Трамп и Инфантино немаат поим од фудбал

Новиот селектор на Германија и аналитичар во ТВ-преносите на Светското првенство, Јирген Клоп, предизвика огромни реакции во јавноста со остри критики упатени кон претседателот на САД Доналд Трамп и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Повод за бурната реакција е одлуката на Балогун да му биде укината автоматската суспензија по директниот црвен картон, по што напаѓачот на САД ќе биде во комбинација за настап во осминафиналето против Белгија.

Според контроверзните информации што циркулираат во јавноста, одлуката на дисциплинските органи била донесена под политички притисок, што дополнително го разгоре гневот во фудбалските кругови.

Во емисија во живо, Клоп ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека луѓе без спортско знаење не смеат да влијаат врз правилата на играта.

„Ако Трамп и Инфантино навистина го договориле ова меѓу себе, тогаш тоа е чиста лудост. Да скратам и да кажам многу едноставно: Ова е наша игра, а не нивна! Тие двајца немаат поим од фудбал“, грмеше легендарниот Клоп.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“

Тој потсети дека одлуките на теренот, вклучително и црвените картони, мора да се почитуваат без исклучок, без разлика на околностите или имињата на играчите.

„Во минатото сме виделе и спорни исклучувања, но правилата секогаш важеле за сите. Ако тоа сега се менува, тогаш целиот систем се урива“, додаде тој.

Одлуката предизвика реакции и во редовите на Белгија, како и во дел од европските медиуми, кои најавуваат можни дополнителни интервенции од УЕФА со цел, како што наведуваат, заштита на кредибилитетот на натпреварувањето.

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, исто така изрази незадоволство, саркастично коментирајќи дека ваквата ситуација „изгледа како првоаприлска шега“.

Спорната ситуација се случи на натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина, каде Балогун беше исклучен по ВАР интервенција по груб дуел, по што првичната одлука за суспензија подоцна беше променета.

И покрај контроверзиите, дел од фудбалската јавност останува на ставот дека стартот бил за директен црвен картон, но дека дисциплинските правила мора да важат еднакво за сите учесници на турнирот.

Балогун ги скара УЕФА и ФИФА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот