Фото: Screenshot

ВИДЕО | Голманот на Парагвај го удри Мбапе со топка по крајот на натпреварот

Осминафиналната пресметка меѓу Парагвај и Франција донесе најмногу тензии од досегашниот тек на Светското првенство 2026. Натпреварот беше исполнет со остри дуели, провокации и нервоза, кои продолжија и по последниот судиски свиреж.

Парагвајците со агресивна игра се обидоа да го неутрализираат актуелниот светски вицешампион, па во текот на целиот натпревар имаше бројни прекршоци и вербални, па и физички пресметки меѓу фудбалерите на двете селекции.

Тензиите не стивнаа ниту по крајот на средбата. Голманот на Парагвај, Орландо Хил, ја фрли топката кон Килијан Мбапе додека француската ѕвезда беше свртена со грб. Напаѓачот на Реал Мадрид, сепак, не наседна на провокацијата и без реакција се упати кон центарот на теренот, каде што веќе се собираа неговите соиграчи и противничките фудбалери.

Интересна е и статистиката од натпреварот. Иако Парагвај играше на работ на дозволеното, судијата досуди само два прекршоци повеќе во корист на Франција. Парагвајците направија 13 фаули, Французите 11, но уште поизненадувачки е што ниту еден играч на Парагвај не доби жолт картон. Од францускиот состав, пак, јавна опомена заработија Баркола, Коне и Олисе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот