Возиња/EPA/RONALD WITTEK

Голманот Возиња на Мундијалот има повеќе дриблинзи од Роналдо

Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, стана едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство, привлекувајќи внимание не само со своите одбрани, туку и со еден необичен статистички податок.

Додека фудбалската јавност ги анализира бројките од Мундијалот во САД, Мексико и Канада, токму чуварот на мрежата на „сините ајкули“ се најде во центарот на вниманието. Имено, Возиња досега има комплетирано два успешни дриблинзи на турнирот, што е повеќе од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Еден од тие дриблинзи го изведе на дуелот против Аргентина, кој неговата репрезентација го загуби со 3:2. Во ризична ситуација, Возиња храбро го надмудри напаѓачот Лаутаро Мартинез, а претходно забележа уште еден успешен дриблинг, со што стигна до вкупно два на четири натпревари.

Од друга страна, Роналдо на ова Светско првенство сè уште нема ниту еден успешен дриблинг. Иако веќе постигна три гола, сите дојдоа по асистенции од неговите соиграчи, без да го надмудри противникот со индивидуален дриблинг.

Досега девет селектори си поднесоа оставки по испаѓањето од Светското првенство

Критериуми на Светското првенство: Никогаш помалку фаули, но најмногу исклучувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот