Фото: mtftennis.mk

Србљак и Марковски со трофејот во двојки на меѓународниот турнир во Скопје

Македонските тенисери Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашново издание на Macedonian Open 2026. Тие во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2:0 во сетови (7:5, 6:4).

Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да изедначат на 4:4. Новиот брејк за македонската двојка во 11.тиот гем им донесе водство од 6:5 во гемови, а сетот го завршија откако го освоија гемот на свој сервис за 7:5.

Во вториот сет повторно во седмиот гем имаше брејк за Марковски и Србљак за 4:3, а потоа и во деветтиот гем направија брејк и сетот го завршија со 6:3 во гемови.

Инаку, Марковски и Србљак во саботата го одиграа и полуфиналниот меч и постигнаа победа од 2:0 во сетови против Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд.

В недела со почеток од 11.30 часот ќе се игра финалето во сингл меѓу Калин Ивановски против Владислав Орлов од Украина, кој 2:6, 6:0 и 6:4 го победи Стефан Поповиќ од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот