Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Вимблдон ќе добие нова шампионка, крај и за Рибакина

Полската тенисерка Ига Швјонтек денеска го заврши своето учество на овогодинешниот грен слем турнир Вимблдон.

Александра Ијала беше подобра од минатогодишната шампионка во два сета (7:6, 6:2) по повеќе од два часа игра.

Ијала во осминафиналето ќе игра против Јасмин Паолини, која лесно ја победи Марија Сакари (6:1, 6:2).

Порано во текот на денот, белгиската тенисерка Елис Мертенс се пласираше во осминафиналето, откако ја победи втората светска тенисерка Елена Рибакина од Казахстан со 7:6 (7:4), 6:1.

Белгиската тенисерка ќе игра во осминафиналето против Чехинката Мари Бузкова, која во третото коло ја победи Људмила Самсонова со 4:6, 7:6 (7:3), 6:4.

Украинката Марта Костјук исто така се пласираше во осминафиналето, победувајќи ја Американката Ема Наваро со 6:2, 4:6, 6:1.

Во осминафиналето, Костјук ќе игра против уште една Американка, Ешлин Кругер, која ја победи Украинката Дарија Снигур со 6:3, 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот