Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Египетскиот дефанзивец се запиша во мундијалската историја со неславен рекорд

Дефанзивецот на Египет, Мохамед Хани, стана првиот фудбалер во историјата на Светските првенства кој постигнал два автогола на едно издание на турнирот.

Слободниот удар на австралискиот играч за врска Ејден О’Нил во 55. минута од натпреварот од осминафиналето го погоди Хани во главата и заврши во мрежата на Египет, со што Австралија израмни на 1:1.

Само неколку минути претходно, Хани остана да лежи на тревникот по судирот со австралискиот играч за врска Конор Меткалф, додека двајцата се бореа за топката во шеснаесетникот.

Загрижените играчи на Египет веднаш повикаа медицинска помош, а Хани неколку минути добиваше третман поради сомнеж за потрес на мозокот, пред лекарите да му дозволат да го продолжи натпреварот. Медицинскиот тим беше подготвен покрај теренот со носилка, но таа не беше употребена.

Хани претходно си постигна автогол и во ремито на Египет (1:1) против Белгија во групната фаза на турнирот.

Египет на пенали ја елиминираше Австралија и избори историско осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот