Фото: mtftennis.mk

Ивановски го совлада Милев и ќе игра во финалето на турнирот во Скопје

Со големо враќање и две спасени меч топки во последниот сет од полуфиналето против Јанаки Милев од Бугарија, македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на Macedonian Open кое ќе се игра в недела. Ивановски го совлада Милев со 2:1 во сетови (6:4, 2:6, 7:5) по 2 часа и 42 минути игра.

Во последниот сет Милев во десеттиот гем на сервис на Ивановски имаше две меч топки, но тогаш македонскиот тенисер успеа да направи „кам-бек“ и до крајот на мечот од 14 поени освои 12 и на тој начин избори финале.

Во првиот сет Ивановски во седмиот гем направи брејк и поведе со 4:3, а потоа сетот го заврши со 6:4. Во следниот сет во првите три гема се водеше голема борба за секој поен, а двајцата тенисери во три гемови имаа по три брејк топки, но немаше брејк. Во следниот гем Ивановски изедначи откако гемот го доби без загубен поен, но по 2:2 во гемови Милев направи серија од четири гема и го доби сетот со 6:2.

Во решавачкиот сет првата брејк топка ја имаше Милев во шестиот гем, но Ивановски изедначи на 3:3, а потоа успеа да спаси две меч топки и да стигне до второто финале во две недели или вкупно 11.то во кариерата.

Противник ќе му биде победникот во второто полуфинале меѓу Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија.

Пласман во финалето на двојки изборија и македонските тенисери Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои во полуфиналето ги совладаа Николас Буена и Франциско Томас Гешвинд (Чиле/Аргентина) со 7:5 и 6:4.

Тие во финалето кое ќе се игра по завршувањето на второто полуфинале ќе играат против Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот