Фото/ EPA/Cesar De Luca

Чилаверт со контроверзна изјава за „триколорите“: „Во 1998 беше Франција, сега е Африка“

Поранешниот капитен и легендарен голман на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт, предизвика бурни реакции со својата објава на социјалните мрежи во пресрет на осминафиналниот дуел меѓу Парагвај и Франција на Светското првенство.

Повод за неговата реакција беа изјавите кои му се припишуваат на поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дигари, кој порача дека Парагвај нема никакви шанси против „триколорите“.

„Парагвај ќе биде прегазен и понижен. Ќе се брани по секоја цена, затоа што не е способен да игра никаков офанзивен фудбал“, гласи изјавата на Дигари, којашто ја сподели Чилаверт.

Поранешниот голман не остана должен и возврати со контроверзен коментар:

„Кристоф, во право си. На Светското првенство во 1998 година игравме против Франција. Сега Парагвај ќе игра против репрезентацијата на Африка.“

Чилаверт со ова алудираше на големиот број француски репрезентативци со африканско потекло, а неговата објава веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Интересно, Франција и Парагвај последен пат се сретнаа во нокаут-фазата на Светско првенство токму во 1998 година. Французите тогаш славеа со 1:0 по продолженија, благодарение на „златниот гол“ на Лоран Блан, а Чилаверт беше на голот на Парагвај во тој незаборавен натпревар.

Маркус Тирам нема да игра ни против Парагвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот