Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Аргентина е во осминафинале, но храбрите момци од Зеленортски Острови ги освоија симпатиите

Аргентина по вистинска драма и по продолженија избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. „Гаучосите“ по повеќе од 120 минути игра ги совладаа Зеленортските Острови со 3:2.

Аргентина поведе во 29. минута, а повторно стрелец беше Меси кој го постигна својот седми гол на првенството. По одличната асистенција на Лисандро Мартинез, ѕвездата на Интер Мајами мајсторски ја прими топката и рутински ја испрати во мрежата.

Изгледаше дека Аргентинците без поголеми проблеми ќе ја завршат работата, но натпреварот се претвори во вистински трилер. Во 59. минута Зеленортските Острови израмнија. Акцијата се развиваше по десната страна, а Дерој Дуарте од тежок агол успеа да го совлада аргентинскиот голман за 1:1.

До крајот на регуларниот дел Аргентина силно притискаше, но голманот Возиња имаше извонредна вечер и со неколку фантастични интервенции го однесе мечот во продолженија.

„Гаучосите“ повторно поведоа во 92. минута. По изведен корнер, Лисандро Мартинез со силен удар под пречката на спротивната статива донесе водство од 2:1.

Но, во 103. минута следуваше момент кој долго ќе се памети. Лопес Кабрал постигна спектакуларен погодок од работ на шеснаесетникот за 2:2.

Одлучувачкиот гол дојде во 111. минута, кога Аргентина по третпат поведе, овојпат со автогол на Боргес.. Тоа се покажа како конечен резултат и победа од 3:2 за актуелните светски шампиони. Во осминафиналето, избраниците на Лионел Скалони ќе се соочат со Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот