Проф. д-р Катерина Мирчевска / фото: Институт за национална историја / Фејсбук

Почина истакнатата историчарка, проф. д-р Катерина Мирчевска

Македонската научна јавност остана без истакнат историчар и долгогодишен научен работник. По кратко боледување, денес почина проф. д-р Катерина Мирчевска, соопшти во објава на социјалните мрежи Институтот за национална историја. Таа имаше 54 години.

Од Институтот изразуваат длабока жалост, нагласувајќи дека Мирчевска била долгогодишен научен советник, посветен истражувач и врвен професионалец.

Во соопштението се истакнува дека нејзиниот богат научен опус, професионалниот интегритет и искрената посветеност кон историската наука ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на научната мисла во Македонија.Колегите ќе ја паметат како исклучителен научник, професионалец и човек со голема посветеност кон науката и образованието, а нејзиното дело ќе остане трајно сведоштво за нејзиниот придонес во проучувањето и зачувувањето на македонската историска меморија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот