Охридско езеро / фото: архива

Чамци веќе не смеат да пловат навечер, а скутери преку ден на трите најголеми македонски езера

Возењето скутери од 1 јули до 31 август се забранува меѓу 11 и 19 часот секој ден, а чамците нема да смеат да пловат од 21 часот до пет наутро

Од Капетанија на пристаништата во Охрид информираат дека стапува во сила владината одлука за ограничување на пловидбата за пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.

Се ограничува пловидбата за чамци и скутери на целата површина на трите најголеми природни македонски езера, а според образложението од Владата, ова се прави заради безбедност на учесниците во пловидбата, човечките животи и животната и/или природната средина.

„По исклучок од ставот 1 на овој член, ограничувањето не се однесува на чамците и скутерите за јавни потреби за вршење инспекциски, царински и полициски надзор, за чамците кои ги користи субјектот на кој му е дадена концесија за стопански рекреативен риболов, како и за чамците за стопански цели – регистрирани за превоз на патници. Ограничувањето од член 1 став 1 од оваа одлука за чамците се однесува за периодот: – од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21:00 до 5:00 часот секој ден, – од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20:00 до 6:00 часот секој ден и од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19:00 до 6:00 часот секој ден“, пишува во соопштението.

Ограничувањето од член 1 став 1 од оваа одлука за скутерите се однесува за периодот од 1 јули до 31 август 2026 година во времетраење од 11 до 19 часот секој ден, појаснуваат од Капетанијата.

Сопствениците на кајчиња да ги тргнат од јавни површини долж езерото, повика Општина Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот