Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

Апелација му ја одбила жалбата на Стојанче Јовановски, осуден дека ја навел сопругата да се самоубие со ќерката во раце

Апелациониот суд Скопје му ја одбил жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана во прегратка со својата ќерка да скокне од балкон и за долгогодишно семејно насилство, и ја потврдил 12-годишната затворска казна која му ја изрече Кривичниот суд.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 07.05.2026 година – соопшти попладнево Апелациониот суд.

Од Судот најавуваат дека ќе биде објавена целата одлука.

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

Јовановски во мај беше осуден на 12 години затвор за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Трагедијата се случи на 2 март годинава, кога Ивана го загуби животот, скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Во судската постапка беше утврдено дека Јовановски континуирано ја тепал, а последното насилство се случило пред самиот чин на самоубиство кога Ивана пријавила во полиција, но кога дошле, се премислила.

Насилството кое Ивана и девојчето го трпеле со години било пријавувано во полиција, а за постапувањето во случајот беа утврдени професионални пропусти кај дури 39 полицајци.

Сведочи мајката на Ивана: „Бабо, јас ќе ти кажам, мама чучна долу и тато ја шутираше“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот