Судење на Стојанче Јовановски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Судење на Стојанче Јовановски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Сведочи мајката на Ивана: „Бабо, јас ќе ти кажам, мама чучна долу и тато ја шутираше“

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска опишувајќи ги односите меѓу нејзината ќерка и обвинетиот Стојанче Јовановски од почетокот на нивниот брак до критичниот ден, опиша дека Ивана имала знаци на насилство на телото, модрици, а од внуката Катја дознавала за неговиот лош однос кон ќерка си. Таа рече дека на почетокот двајцата живееле под кирија, а таа како мајка им помагала. Стојанче работел како доставувач на храна, а Ивана работела во „Масимо Дути“. Според мајката, Ивана секогаш се плашела Стојанче да не ѝ ја земе ќерката Катја, затоа што таа работела во приватниот сектор, а Стојанче благодарение на мајката на Ивана – се вработил во пожарна.

Од шестгодишната Катја, Стојановска тврдеше дека дознавала како Стојанче се однесува дома.

-Катја ги користеше зборовите „ку**о“, „ку**иште“, „дро*о“. Затоа што Стојанче ги користел кон Ивана. Ми кажуваше Катја, „бабо, јас ќе ти кажам, ама да не кажуваш на никого, мама чучна долу и тато ја шутираше“,  сведошече мајката на Ивана.

Околу новогодишните празници кога мајката на Ивана спакувала благи работи и салата, за ќерката и внуката, Стојанче ги фрлил во контејнер и хистерично викал пред зградата.

-Бидејќи беа под кирија, ќерка ми сакаше да имаат свој стан и секогаш беше со позитивна мисла за сопругот зашто велеше „има зрело размислување, добар е, имал малку тешко детство, ама ќе биде во ред“. Многу кратко се знаеја, 2-3 месеци пред да стапат во брак. Таа остана бремена и како родители не знаевме ништо. Тогаш таа ми кажа дека има судење за него, за некое дело. Јас како родител, да ви кажам, ајде, го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работата, да добие условно. Уплатија стан и почетокот беше убав. Многу ретко му се обраќав со име, и до крај го ословував со „сине, синко“, сведочеше мајката на починатата Ивана.

Таа рече дека често ја гледала Ивана со модрици на рацете, нозете, двапати на окото.

-Се сомневав дека Ивана е тепана, ама не ми признаваше. Велеше „мамо, ќе биде во ред“. Јас во ниеден момент не го прашав зет ми зошто и како, сметав дека самите ќе си ги решат проблемите, сведочеше мајката.

Таа рече дека Стојанче и Ивана имале проблеми, но никогаш Ивана не го кажувала тоа.

-Некогаш ќе ја видев на рацете модра, окото модро, рече паднала од тротинет. Катја имаше две години, на 15-16 август 2021 кога ми се јави зетот во еден ноќе, ми рече „тетка Љубица, дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку….а“. Некој во еден часот ноќе така да ти каже… За 10 минути ноќе, пешки стасав до нивниот стан. Беше многу нервозен, шеташе, зборуваше. Го прашав што е работата, Ивана беше многу вознемирена, седеше на каучот, ја гушкаше Катја, а Стојанче беше многу лут нервозен, шеташе.

Не можам да го преболам зборот што ми го кажа, рече дека „моја Ивана барала поголем да ја задоволи, а тој досега не спиел со друга жена“. Кога дојде полиција, го извадија надвор во ходник да разговараат. Еден од полицајците беше со нас во соба. Ивана беше многу исплашена, пред да дојде полицијата Стојанче ја удри, но јас застанав меѓу нив. Со боксови ја удираше, додека Катја ѝ беше во рацете на Ивана. Ивана беше исплашена и само викаше „сè нека земе и стан и сè, само ќерката да ми ја остави“. Полицијата им рече „ајде смирете се малку, да биде сè во ред“. И си заминаа, рече мајката на Ивана.

Станот прво гласел на името на Ивана, кредитот го плаќала таа, но потоа на барање на Стојанче го поделиле кредитот и сметките.

-Кај неа забележував модринки, секогаш велеше „се удрив“, „знаеш мамо дека лесно ми излегуваат модринки“. Кога доаѓаше кај нас секогаш беше стегната, под стрес, секогаш беше контролирана на телефон од негова страна и му велеше „еве сум кај моите“, додаде Стојановска.

Мајката поднела тужба да се разведе од насилникот, а во ЦСР Скопје пред еден месец е пријавено дека сопругот ја тепал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот