д-р Мице Дудучки, невропсихијатар / фото: Слободен печат

Д-р Дудучки: Судии, вештаци и затворски персонал со години спасуваат криминалци од затвор

„Криминален триаголник“ во кој учествуваат судии, лекарите-вештаци и дел од персоналот на казнено-поправните установи, со години прави злоупотреби со кои осуденици се спасуваат од затвор, тврди во изјава за „Фокус“ д-р Мице Дудучки, невропсихијатар со повеќедецениско искуство, откако тимот на Народниот правобранител неодамна откри дека во психијатриската болница во Демир Хисар завршувале осуденици со лажни психијатриски дијагнози за да се спасат од затвор.

„Неколку месеци како специјалист-невропсихијатар, работев и во пенална институција, затворот во К’шање, Куманово, каде имав можност детално да се запознаам со „интересните триаголници“ помеѓу судиите, лекарите вештаци и дел од персоналот на казнено-поправните установи. Па сведоци сме на скандалозни пресуди, злоупотреби на психијатриската и форензичката наука, а примарно во коруптивни цели за наведените учесници во овој криминален триаголник“, вели д-р Дудучки.

Тој вели дека целата јавност беше сведок кога еден негов колега прогласи за непресметлив тежок криминалец од скопското наркодилерско подземје, прогласувајќи го за параноидна личност, знаејќи дека се работи за личност со дебело криминално досие.

„Па се поставува прашањето, дали кривичните дела за кои е обвинет и осуден ги вршел свесно, намерно со цел стекнување на противправна имотна корист или делата се извршени заради психопатолошки елементи во мисловниот и конгитивниот процес на сторителот. Чудно е како некои лекари за жал свесно ја употребуваат својата позиција, па некои „привилегирани“, слободно можам да кажам клиенти (не се пациенти) ги прогласуваат за тешко болни (со преканцероза, реална или фиктивна, затвореникот се ослободува од понатамошно издржување на казната), незаконски, на основа на лажни лекарски наоди му се намалува казната, а потоа таквите лица на слобода функционираат како потполно здрави и во психичка и во соматска смисла“, вели нашиот соговорник.

На прашањето дали има вакви злоупотреби во судската психијатрија, како што откри тимот на Народниот правобранител, тој категорично потврдува.

„Зошто? Затоа што самите судски органи, надредените стручни институции не се заинтересирани, или најблаго речено се корумпирани, и ваквите случаи ги ставаат под тепих. Во скандалозното префрлање на тешки криминалци со постоечки или непостоечки дијагнози се нарушува дигнитетот на оние здравствени работници кои чесно и одговорно си ја извршуваат својата хумана работа со адекватна посветеност, а оној дел кој од лукративни причини пред се, фрла валкани петна врз професијата“, дециден е невропсихијатарот.

Штекли има шизофренија и халуцинира дека го следи албанска мафија или е свесен и пресметлив?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот