Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Синер доминираше против Ѓоковиќ за пласман во финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до финалето на грен слем турнирот Вимблдон, откако беше поразен во полуфиналето од моментно најдобриот тенисер на планетата, Италијанецот Јаник Синер, со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 6:4) по два часа и 19 минути игра.

Првиот сет го одлучи еден брејк. Двајцата играчи играа навистина добро, но Синер ги сведе грешките на минимум, а во првиот сет, деветтиот гем беше одлучувачки кога Италијанецот ја искористи втората брејк-топка, а потоа сервираше за предност (6:4).

Српскиот тенисер Ѓоковиќ немаше шанса да се врати во мечот во вториот сет. Сервисот на најдобриот играч на светот изгледаше совршено, речиси и да не направи грешки, а против Синер не може да се игра вака.

Ноле спаси две брејк-тиолки во петтиот гем од вториот сет, но го загуби гемот на следниот сервис и тука завршија сите дилеми во вториот сет. Повторно беше 6:4 за Синер.

Синер го отвора третиот сет со уште еден брејк. Веќе беше јасно дека враќањето е невозможна мисија, а фактот дека Ѓоковиќ ја имаше својата прва брејк-топка дури во третиот сет, по речиси два часа игра, доволно зборува за тоа колку доминантен беше Италијанецот.

Синер и третиот сет го освои со ист резултат 6:4 за пласман во финалето, каде што ќе ја брани титулата од минатата година. Италијанецот ќе игра против Германецот Александер Зверев во финалето на Вимблдон во недела од 17.00 часот. Зверев во првото полуфинале го победи Британецот Артур Фери со 7:6 (0), 6:2, 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот