Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Зверев експресно преку Фери до првото финале на Вимблдон

Александер Зверев е првиот финалист на овогодинешниот грен слем турнир Вимблдон. Германскиот тенисер го победи Британецот Артур Фери во три сета – 7:6 (0), 6:2, 6:4, по два часа и 14 минути игра.

Зверев апсолутно доминираше во дуелот против Фери, завршувајќи ја својата „бајка“ на престижниот грен слем, каде што стигна до полуфиналето како најниско рангиран играч на сите времиња.

Миленикот на домашната публика му пружи жесток отпор на третиот играч во светот само во првиот сет, каде што Германецот го реши доминантно во тај-брејк, и ги држеше конците на мечот во остатокот од играта.

Зверев стигна до финалето на Вимблдон за прв пат во својата кариера, со што го комплетираше својот пласман на сите четири грен слем турнири. Така, тој се најде на еден чекор од нов грен слем трофеј, откако конечно го постигна за прв пат на Ролан Гарос пред еден месец.

Зверев во недела ќе се соочи со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Јаник Синер (Италија) за трофејот на Вимблдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот