Кампаз Фото: EPA/Isaac Esquivel

Трагичарот на Колумбија одби да се врати дома поради стравување за својата безбедност

Пеналот кој можеше да ја однесе Колумбија во четвртфиналето на Светското првенство, за Хаминтон Кампас се претвори во кошмар кој продолжува и по завршувањето на турнирот.

Колумбиската репрезентација се врати дома по елиминацијата во осминафиналето, но Кампас не беше дел од летот кон Богота. Иако фудбалерот јавно не ја објасни причината за неговата одлука, во јавноста се зборува дека стравува за сопствената безбедност.

Причината се заканите кои ги добива откако во завршницата од натпреварот со Швајцарија пропушти голема шанса, пред дуелот да биде решен по изведување пенали. Наместо поддршка, дел од навивачите упатија сериозни закани, а највознемирувачки е фактот што тие биле насочени и кон неговото петгодишно дете.

ВИДЕО | Мундијалски вести: француската машина продолжува да меле – има ли кој да ги запре „триколорите“?

Кампас по елиминацијата испрати порака до сонародниците и повика на смиреност.

„Моја Колумбија, никогаш да не ја изгубиме почитта еден кон друг. Можеме да чувствуваме разочарување и тага, но ниту една страст не оправдува омраза или живот во страв“, порача фудбалерот.

Случајот повторно ги отвори болните спомени во Колумбија, земја која сè уште ја памети трагичната судбина на Андрес Ескобар, кој беше убиен во 1994 година по Светското првенство во САД.

Засега Кампас останува надвор од татковината, чекајќи ситуацијата да се смири. Но, неговиот случај уште еднаш покажа дека границата меѓу фудбалската страст и опасната омраза понекогаш може да биде многу тенка.

Ново историско достигнување за Франција по победата над Мароко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот