Фото: EPA/Maciej Kulczynski

Ново историско достигнување за Франција по победата над Мароко

Франција продолжува да испишува историја на Светските првенства. Со победата од 2-0 над Мароко во четвртфиналето на Мундијалот, „триколорите“ обезбедија место меѓу четирите најдобри селекции во светот и поставија ново значајно достигнување.

Избраниците на Дидие Дешан станаа само третата репрезентација во историјата што успеала да се пласира во полуфиналето на три последователни Светски првенства, по настапите во 2018, 2022 и 2026 година. Пред Франција, ваков подвиг имаат само Бразил и Германија.

ВИДЕО | Против Мароко Мбапе го изведе еден од најлошите пенали во кариерата

Ова воедно е седми пласман на Французите во полуфиналето на Светските првенства, со што уште еднаш ја потврдија својата константност на најголемата фудбалска сцена.

Со триумфот над Мароко, Франција стигна и до својата 45. победа во историјата на мундијалите. Со тоа се израмни со Италија на четвртото место на вечната листа, зад Бразил, Германија и Аргентина.

Одличниот настап на француската репрезентација беше надополнет и со уште едно индивидуално достигнување. Килијан Мбапе и Усман Дембеле станаа први соиграчи по легендарните Роналдо и Ривалдо во 2002 година, кои на едно Светско првенство постигнале најмалку по пет голови.

Мароко — од репрезентација која се бранеше, до закана и за најсилните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот