фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер јунајтед планира изградба на нов стадион кој ќе биде најголем во Европа

Манчестер јунајтед ја објави посакуваната локација за својот нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи, кој треба да го замени легендарниот „Олд Трафорд“. Во официјалното соопштение во кое ги претстави своите амбициозни планови, клубот откри дека новиот стадион би бил изграден на само 350 метри од сегашниот дом на „црвените ѓаволи“.

Сепак, англискиот гигант сè уште треба реално да обезбеди финансиски средства за овој огромен проект. Од клубот тврдат дека планот за изградба на нова „стадионска област“ ќе отвори околу 48.000 работни места, 15.000 нови домови и потенцијално ќе донесе 8,6 милијарди евра годишно во британската економија.


Колет Рош, извршната директорка задолжена за развојот на новиот стадион на Манчестер јунајтед, изјави:

„Објавувањето на мастер-планот за Ворфсајд претставува уште еден значаен чекор во нашето патување кон создавање нов дом од светска класа за Манчестер јунајтед, во срцето на динамична и трансформативна област за Трафорд и Манчестер.“

„Олд Трафорд“ моментално е вториот најголем стадион во Англија зад „Вембли“.


Новиот дом на Манчестер јунајтед ќе стане стадион со најголем капацитет во Европа. Објектот со 100.000 седишта значително ќе ги надмине стадионите на ривалите во Англија, каде што втор на листата е стадионот на Тотенхем со капацитет од 62.850 гледачи.

„Олд Трафорд“ во моментов прима 74.878 навивачи, а од клубот веруваат дека постои доволно голема побарувачка за уште поголем стадион.

Андреј Сантос на чекор до Јунајтед: Челси бара 56 милиони евра за бразилецот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот