Тибо Куртоа пред пресметката со Шпанија: „Започнуваме како аутсајдери, но во фудбалот сè е можно“
Белгискиот голман Тибо Куртоа за првпат во репрезентативната кариера ќе се соочи со Шпанија, а во четвртфиналето на Светското првенство, неговата Белгија влегува со улога на аутсајдер.
Препорачано
Голманот на Реал Мадрид, кој веќе 11 години настапува во шпанскиот фудбал по убедливата победа од 4-1 против САД во осминафиналето, призна дека „црвената фурија“ ќе биде најтешкиот предизвик за Белгијците досега на турнирот.
„Шпанија е одлична репрезентација. Мислам дека тие се еден од фаворитите за освојување на трофејот“, изјави Куртоа по тренингот, пренесува „ESPN“.
„Очигледно е дека против нив започнуваме како аутсајдери. Но, во фудбалот сè е можно. Верувам дека можеме да победиме, со сиот респект кон нив. Сепак, тие се фаворити.“
Шпанија во четвртфиналето влегува во фантастична форма, бидејќи на турнирот сè уште нема примено ниту еден гол. Сепак, Куртоа се надева дека неговото долгогодишно познавање на шпанските фудбалери ќе ѝ помогне на Белгија во подготовката на натпреварот.
“Spain are a great team. I think they are one of the favourites to win it. So obviously, we start as underdogs against them.”
Thibaut Courtois on Belgium’s TOUGH test against Spain 👀 pic.twitter.com/8PGPTfb34d
— Hayters TV (@HaytersTV) July 9, 2026
„За мене е предност што ги познавам. Повеќето играат во шпанскиот фудбал, а некои ги познавам и од Лигата на шампионите. Но, на крајот играме против Шпанија, не против Барселона, Манчестер сити или Арсенал. Сите ги знаат тие играчи“, додаде белгискиот голман.
Кога беше прашан за дуелот со моќната Шпанија, Куртоа веднаш се присети на победата на Белгија над Бразил со 2-1 на Светското првенство во Русија во 2018 година. Тогаш „црвените ѓаволи“ направија големо изненадување и стигнаа до полуфиналето за првпат по 32 години.
„Тие беа фаворити против нас, а можеби имаа и поголем индивидуален квалитет во тимот. Но, чувствувам дека сега сме одлична екипа заедно и се бориме како тим“, рече Куртоа.
Колективниот дух на Белгија се покажа и во нокаут-фазата. „Црвените ѓаволи“ успеаја да направат пресврт против Сенегал, откако губеа со 2-0 и славеа со 3-2 во регуларниот дел, а потоа убедливо ја елиминираа репрезентацијата на САД.
„Особено натпреварот против Сенегал покажа дека можеме да веруваме до самиот крај. Најважно е да победуваме. Убаво е и да играме добро, но најважно е да победуваме и да се натпреваруваме, а токму тоа го направивме“, истакна Куртоа.
Победникот од дуелот меѓу Белгија и Шпанија во полуфиналето ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Франција и Мароко.
Ромарио: Да бев претседател, ќе го отпуштев Анчелоти уште во соблекувална


