Белгија/EPA/CHRISTOPHER TORRES

ВИДЕО | Џабе реагираше Трамп — ниту Балогун не ги спаси САД од дебакл против Белгија

И последната репрезентација домаќин го заврши настапот на Светското првенство. По елиминациите на Канада и Мексико, во осминафиналето запре и селекцијата на САД, која убедливо беше поразена од Белгија со 4-1.

Во пресрет на натпреварот, големо внимание предизвика одлуката на ФИФА да му дозволи настап на Флоријан Балогун и покрај црвениот картон, по интервенција и притисок од американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, напаѓачот не успеа да ја оправда довербата и одигра натпревар далеку под очекувањата.

Белгија уште рано покажа дека е решена да го обезбеди пласманот меѓу осумте најдобри. Во деветтата минута, по одлична акција и соработка со Раскин, Шарл де Кетеларе прецизно ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Американците возвратија во 31. минута. Малик Тилман изведе слободен удар, а топката по допир со живиот ѕид го смени правецот и заврши зад грбот на белгискиот голман за израмнување на 1-1.

Сепак, радоста на САД траеше кратко. Само две минути подоцна, Де Кетеларе повторно беше на вистинското место и по асистенција од Леандро Тросар повторно ѝ донесе предност на Белгија, која на пауза замина со водство од 2-1.

Прашањето околу победникот практично беше решено во 58. минута, кога голманот на САД направи голема грешка, а Ханс Ванакен без двоумење ја искористи понудената шанса и зголеми на 3-1. Конечните 4-1 беа поставени во судиското продолжение, кога Ромелу Лукаку ја потврди убедливата победа на белгиската селекција.

Со овој триумф Белгија обезбеди место во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Шпанија, која во претходната рунда ја елиминираше Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот