Лорен Бенет/Фото: Принтскрин/Икс

Почина пејачката Лорен Бенет на 37 години, позната по светскиот хит „Party Rock Anthem“

Британската пејачка Лорен Бенет, која стекна светска популарност со гостувањето во хитот „Party Rock Anthem“ од американското дуо ЛМФАО, почина на 37-годишна возраст, објави нејзината поранешна музичка група „Г.Р.Л.“.

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Лорен. Нашите срца се скршени и не можеме да опишеме колку многу ни значеше“, се наведува во соопштението објавено на Инстаграм од членовите на групата Емалин Естрада, Наташа Слејтон и Паула ван Опен.

 


Лорен оствари успешна соло кариера, таа беше гостин во ремиксот на песната „I Got It from My Mama“ од will.i.am, а подоцна соработуваше со CeeLo Green на песната „Love Gun“. Врвот на нејзината кариера дојде во 2011 година, кога учествуваше во глобалниот хит „Party Rock Anthem“ од групата ЛМФАО, кој го освои првото место на топ листите, со што се потврди како нова ѕвезда во подем.

Бенет стекна светска слава во 2011 година како вокалистка на песната „Party Rock Anthem“, која беше на првото место на листата на синглови на Билборд шест недели.

Тоа беше еден од двата хита на ЛМФАО што го достигнаа врвот на американските топ листи, заедно со песната „Sexy and I Know It“.

 

„Г.Р.Л.“ е формирана во 2011 година како наследник на „Пусикет дол“, а меѓу нивните најпознати песни се „Ugly Heart“ и „Wild Wild Love“, која ја сними со раперот Питбул.

Групата „Г.Р.Л.“ ја погоди трагедија кога членката на групата Симон Батл во 2014 година си го одзеде животот на врвот на нивната слава. Помалку од една година подоцна, групата одлучи да се распадне. Потоа, Бенет одлучи да започне соло кариера во 2015 година, а следната година ја издаде песната „Hurricane“.

Почина Алан Осмонд, тивкиот лидер на познатиот семеен бенд „Осмондс“

Почина актерката Кели Ли Кертис, сестра на Џејми Ли Кертис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот