ВИДЕО | Шпанија со голот на Мерино ја урна Португалија и обезбеди четвртфинале
Фудбалската репрезентација на Шпанија ја победи Португалија со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство благодарение на голот на Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение (90+1`).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Селекцијата на Луис Де Ла Фуенте доминираше од првата до последната минута и создаде неколку одлични шанси кои не успеа да ги реализира.
Португалија беше многу блиску до водство кога Нуно Мендес ја погоди пречката во 41 минута, а кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолжение, се појави Микел Мерино, кој влезе во игра само пет минути претходно.
Шпанците добија слободен удар од 30 метри и додека португалската одбрана се местеше, Шпанците одиграа брза акција.
Мерино втрча одзади, Родри одлично асистираше, а играчот од средниот ред на Арсенал, во стилот на професионален централен напаѓач, постигна гол за 1:0 за голема радост кај шпанските репрезентативци и навивачи.
Шокираните Португалци се обидува веднаш да дојдат до израмнување, а најблиску до голот беа во осмата минута од судиското продолжение кога Бернардо Силва се обиде со глава од пет метри, но топката заврши над голот.
Шпанија во четвртфиналната фаза на Мундијалот ќе игра против победникот од натпреварот меѓу САД и Белгија.


