Фото: Слободен печат

Нутинен: Очекуваме незгоден натпревар против Вардар, наша цел е да победиме

Фудбалерите на Вардар се подготвуваат за својот прв настап ова лето на меѓународната сцена, првите 90 минути во вторник од 19.00 часот (7 јули) во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против КуПС од Финска.

Актуелниот македонски шампион ќе оди на поволен резултат на домашен терен пред своите навивачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје пред реваншот кој е закажан за 14 јули на теренот на противникот.

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани вели дека иако е кратко време со екипата, на денешната прес-конференција изјави дека е задоволен од подготовките.

Своите очекувања за утрешниот дуел ги сподели и тренерот на КуПС, Мика Нутинен:

– Возбудени сме што сме тука, очекуваме незгоден натпревар и го чекам предизвикот. Ние како стручен штаб ја завршивме нашата работам и очекувам добар натпревар. Сметам дека не е толку голема предност што сме во натпреварувачки ритам, овој натпревар во Скопје нема да биде одлучувачки натпревар, а наша цел е да победиме пред реваншот. Топлото време нема да биде проблем, нашите играчи се навикнати да играат во различни временски услови – рече Нутинен.

И додека Вардар својот прв меч во домашното првенство ќе го има дури на 25 јули, тимот на КуПС веќе е во натпреварувачка форма и во финската лига веќе има 15 одиграни натпревари и моментно го дели првото место со Интер Турку со по 30 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот