Сашо Клековски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Идниот министер Клековски открива кои се најголемите должници во државното здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и иден министер за здравство, Сашо Клековски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека заедничките служби на скопските универзитетски клиники имаат долг од околу 35 милиони евра, а дека најголем должник меѓу клиниките е онаа за Онкологија.

„Во основа, долговите во јавното здравство постојат. Најголеми се во заеднички служби, кои не се здравствена установа, туку јавна установа и сме посветени на менаџирање. Тоа се должи на повеќе фактори – внатрешни, надворешни, субјективни и објективни. Бараат не само краткорочни мерки, туку и среднорочни мерки. Ние во 2024 година, кога имаше услови во буџетот, направивме едно вонредно раздолжување со јавното здравство и нашата цел е да постигнеме редовно плаќање. Ние сме во Фондот во редовно плаќање кон матичните лекари, кон аптеките, кон повеќе групи на добавувачи“, рече Клековски.

На прашањето дали тоа е на 30 или на 90 дена и на колкави интервали се вршат плаќањата, Клековски вели:

„Меѓу 60 и 90 дена. Имаме ритам на плаќање, кои обврски во кој дел од месецот, бидејќи ние се финансираме од придонеси генерално. Така што, со реализацијата на придонесите, прво се исплаќаат матичните лекари, специјалистите, потоа платите во јавно здравство. Но реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари (16 милиони евра). Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на Онкологија сега е пет милијарди (80 милиони евра), не зборувам за нешто со што не може да се управува. Значи, една милијарда долг звучи многу, меѓутоа севкупниот буџет на клиниката е пет милијарди и како таков тој е 20 отсто од буџетот на клиниката. Имаме многу малку каде што се презадолжени, каде што долгот изнесува над сто отсто од буџетите, меѓутоа морам да кажам – во скоро сите критични, како Охрид, Прилеп, Куманово, имаме намалување на долговите.“

Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот