Фото: Мерве Мертџан / Google Maps

Свештеник читал молитва за Трамп и Америка во црква во центарот на Скопје, на Денот на независноста на САД

Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, пишува „Религија.мк“.

Молитвата ја читал отец Михаил, а потврда за тоа е фејсбук-статусот на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа сподели фотографија со отец Михаил и со потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССКМ), Орце Симов, а во коментар на објавата напиша:

-Благодарна сум за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упати за нашиот претседател Доналд Трамп и за нашата земја – Соединетите Американски Држави, по повод Денот на независноста, овде во Македонија. Благодарна сум и за поддршката од потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Орце Симов, кој ни се придружи. Среќен 250-ти Ден на независноста, Америко! Да продолжиш да напредуваш сè посилно!“.

„Религија.мк“ побарала одговор од МПЦ-ОА за тоа дали ова било редовна процедура во сите храмови, на што од Црквата одговориле дека станува збор за самоиницијативна одлука на конкретниот свештеник.

Отец Михаил беше свештеник во црквата „Свети Јован“ во Капиштец, а од неодамна е преместен во црквата „Св. Богородица“ во центарот на Скопје, пишува порталот.

ВИДЕО | Прилепски поп ја куди Владата за дигиталната реформа: „Ќе станеме дигитален код“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот