Накит вреден милиони долари е украден од француски музеј
Маскирани крадци крале накит во вредност од милиони долари од музејот на францускиот производител на луксузно стакло „Лалик“ во смела рација рано наутро во неделата, само неколку месеци по филмската и драматична кражба на скапоцени камења во „Лувр“ во Париз. Музејот се наоѓа во Винген-сур-Модер, 60 километри северозападно од Стразбур, а крадците за многу кратко време зеле околу 20 експонати, објавуваат светските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Музејот објави на Инстаграм дека кражбата е извршена „за многу краток временски период“ и дека крадците го активирале безбедносниот систем.
Вработените во музејот утврдиле кои предмети недостасуваат, но не прецизирале за кои експонати станува збор, додека полицијата ги анализира снимките од надзорните камери и ги бара сторителите.
Според информациите од неговата веб-страница, музејот во Винген-сур-Модер содржи повеќе од 650 експонати, вклучувајќи накит во стилот арт нуво, стаклени и кристални предмети во стилот арт деко, како и други дела од Рене Лалик и неговото семејство.
Градоначалникот на Винген-сур-Модер, град со 1.500 жители, околу 37 милји северозападно од Стразбур, изјави за локалниот весник Les Dernieres nouvelles d’Alsace (DNA) дека е лут поради кражбата.
„Сите аларми се вклучија, токму како што требаше. А потоа, со безбедносната компанија, очигледно, имаше голем пропуст од нивна страна: не интервенираа веднаш, не ги информираа жандармите“, рече Кристијан Доршнер.
„Тие сигурно беа добро информирани за да ја извршат оваа работа на тој начин; тие мора да бидат… специјалисти“, исто така изјави градоначалникот за DNA.
Музејот „Лалик“ се сметаше за чувствително место, добивајќи посебно внимание по драматичната дневна кражба во музејот „Лувр“ во Париз во октомври минатата година, што ја стави безбедноста во француските музеи и галерии во центарот на вниманието.
Рене Лалик, кој почина во 1945 година на 85-годишна возраст, ја започнал својата кариера како златар и бил познат по користењето стакло, емајл, рог, слонова коска и полускапоцени камења во своите дела.
Музејот ќе биде затворен во следните неколку дена за да се проверат и подобрат безбедносните мерки пред повторното отворање за посетители.
Кражбата се случи помалку од една година по провалата во Лувр во Париз.
ВИДЕО | Грабеж во Лувр: Најпосетуваниот музеј во светот привремено затворен


