Тамара Тодевска и Влатко Илиевски / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Секогаш ќе ми фалиш“: Тамара Тодевска емотивна на осумгодишнината од смртта на Влатко Илиевски

Македонскиот музичар Влатко Илиевски на 2 јули требаше да го прослави својот 41. роденден, но неговиот живот згасна прерано.

Ѕвездата на македонскиот рокенрол почина на денешен ден, пред осум години. Неговите колеги и пријатели преку социјалните мрежи знаат да споделат фотографии од убавите дружења и настапи со Влатко, кои засекогаш ќе останат во нивните срца како спомени.

Меѓу нив е и Тамара Тодевска која никогаш не ја прежали смртта на својот најдобар другар. На осумгодишнината од неговата смрт, таа на социјалните мрежи сподели заеднички фотографии со кратка емотивна порака. Пејачката избра фотографии кои се направени на еден од нивните настапи и во неформална дружба.

„Осум години без мојот Влатче. Секогаш ќе ми фалиш“, напиша Тамара покрај фотографијата.

Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година, на само 33 години. Тој беше познат како „рокерот со мека душа“ и неговата смрт многумина ги остави во неверување. Со неговото заминување, македонската сцена загуби еден голем талент и одличен музичар.

Ѕвезда на македонскиот рокенрол која згасна на само 33 години — Влатко Илиевски денеска ќе го славеше 41. роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот