ФОТО | Половина век искрена љубов: Благоја Чоревски и Магдалена прославија златна свадба
Легендарниот актер Благоја Чоревски и неговата сопруга Магдалена Чоревска прославија значаен животен јубилеј, 50 години брак.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По повод златната годишнина, семејството и блиските пријатели организираа свечена прослава.
Магдалена Чоревска на социјалните мрежи сподели фотографии од прославата, како и честитка од блиска пријателка, во која се вели: „Магде и Чоре… Среќна златна годишнина од брак. Ви посакувам уште многу заеднички години на љубов, среќа и радост.“
Меѓу објавените фотографии се најде и нивна свадбена фотографија, која ги врати присутните половина век наназад, како и моменти од прославата на која двојката, опкружена со најблиските, го одбележа својот златен јубилеј.
Актерот и неговата животна сопатничка можат да се забележат заедно на речиси сите јавни настани, што е доказ за нивниот складен брак и меѓусебната поддршка која трае со децении.
Во една прилика, во гостување на ТВ Сител Чоревски зборуваше за својата сопруга Магдалена, за децата и за внуките. Неговата постара внука Лина Чоревска е актерка во битолскиот театар и таму живее, а помалата внука Лина Тодоровиќ живее во Скопје.
„Сум ги поминал сите будалаштини, сега сум стабилизиран, но детето во мене сè уште постои. Еден од големите заслужни луѓе за она што сум денес, освен моите родители, е мојата сопруга“, рече Чоревски.
„Воопшто не жалам, и уште 150 години да живеам, истото ќе го правам. Ја љубам оваа професија што не може ништо да ме тргне, дури и см… не знам дали и таа ќе ме тргне од неа“, додаде легендарниот актер.
Чоревски создава импресивен театарски опус со бројни значајни улоги. Меѓу нив се „Свадба“, „Задржливиот подем на Артуро Уи“, „Болва в’уво“, „Ескуриал“, „Црнила“, „Хамлет“, „Ревизор“, „Трамвај наречен желба“, „Чија си“, „Сега му е мајката“, „Диво месо“, „Фани Мани“, „Крал Иби“, „Сили во воздухот“, „Кула Вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Животот е сон“, „Брачна игра“, „Евангелија на глупоста“, „Буре барут“, „Лет над кукавичјото гнездо“, „Птица со главата меѓу нозе“ и „Вујко Вања“. Во поновиот период настапува и во „Среќен мртовец“ (2023) и „Животот е краток и нејасен“ (2025).


