Фабијани: Ќе се обидеме да го притиснеме КуПС на својата половина и да одиграме најдобро што можеме
Во вторник, 7 јули, македонскиот фудбалски првак Вардар со почеток од 19.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против финскиот КуПС.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Скопските „црвено-црни“ ја темпираа формата воглавно во Италија каде покрај редовните тренинзи, играчите предводени од новиот тренер Кристијан Фабијани кој ги сподели очекувањата:
– Дојде моментот кој долго го чекавме по подготовките во Италија и со нетрпение чекаме да излеземе на терен. Задоволен сум од подготовките, иако сум кратко тука и немавме многу долго време. Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка. Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен и тоа ќе биде познато утре. Веќе три месеци сум во Вардар, очекувањата се големи, но мислам дека сè уште не сме на 100 посто од нашите можности – изјави Фабијани на денешната прес-конференција.

Азер Омерагиќ, кој ланската сезона во која беше освоена титулата во шампионатот беше еден од најдобрите стрелци на Вардар со 14 голови. Сега ќе се обиде да ги тресе противничките мрежи и на меѓународната сцена ова лето:
– Го искористивме периодот во Италија максимално, ова е голем мотив затоа што после долго време играме квалификации во Лига на шампионите. Ќе играме напаѓачки и сакаме да победиме. Прво мислиме на натпреварот дома, а ние секогаш го даваме максимумот – кажа Омерагиќ.


