Фото: Креирана илустрација

Французинка пријавила силување во Италија, обвинителката ѝ рекла дека е нормално маж да совлада жена

Европскиот суд за човекови права ѝ наложи на Италија да плати околу отштета од 60.000 евра на Французинката која била жртва на сексуално, психичко и физичко насилство.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ѝ наложи на Италија да ѝ исплати отштета на жена чии обвинувања за повеќекратно силување од нејзиниот партнер биле отфрлени од обвинителството како нормално однесување на мажите кои се обидуваат да се справат со отпорот на уморните жени. Според пресудата, ваквите изјави се одраз на „сексистичките стереотипи“ и ја намалуваат сериозноста на родовото насилство, што претставува дополнителна виктимизација за жртвата, пишува „Гардијан“.

Судот во Стразбур, исто така, утврди дека обвинителството, а со тоа и целото италијанско судство, не спровело брза, темелна и ефикасна истрага, како што е пропишано во случаите на семејно насилство.

Иако во пресудата не е наведен полот на обвинителот што го води случајот, Одри Убеда, француската државјанка која ја поднесе тужбата против нејзиниот сега веќе поранешен партнер, рече дека била шокирана кога дознала дека станува збор за жена.

Случајот датира од април 2021 година, кога Убеда, која тогаш живеела со својот партнер Италијанец во областа Авелино на југот на Италија, пријавила во полицијата дека тој физички и психички ја злоупотребувал неа, како и нивните две деца.

Извештајот вклучувал наводи за повеќекратни силувања, закани со нож во грлото пред двајца сведоци и алузии дека нејзиниот случај ќе заврши во весниците како и други случаи на фемицид.

Подоцна истата година, обвинителката задолжена за истрагата побара прекин на постапката. Таа го нарече инцидентот со ножот „лоша шега“, а физичкото насилство врз децата го оцени како дисциплинска мерка што не ги надминува границите на родителскиот авторитет.

Обвинителката изјави дека е тешко да се утврди дали се случило силување бидејќи мажот можеби не бил свесен дека неговата партнерка не се согласила на тоа, „со оглед на тоа дека е нормално мажите да го надминат минималното ниво на отпор што секоја жена обично го дава кога е уморна од секојдневниот живот, а мажот ѝ пристапува сексуално“.

Барањето за одложување на крајот беше отфрлено, а на случајот беше назначен нов обвинител. Обвинетиот беше суден и осуден на четири и пол години затвор во првостепениот суд. Тој моментно е на слобода и го чека исходот од жалбената постапка.

Европскиот суд за човекови права ѝ наложи на Италија да плати околу 60.000 евра отштета за Убеда и zа нејзините две деца, кои поминаа три години во безбедна куќа. Судот пресуди дека италијанските власти ја прекршиле забраната за нечовечки и понижувачки третман кон жртвите на семејно насилство.

Ова вклучува и непреземање соодветни мерки, како што е доделување семеен дом или одобрување на нивното барање за преселба во Франција.

Во интервју за италијанските медиуми во последниве денови, Убеда рече дека пресудата е потврда и победа за сите жени.

„Кога адвокатот ми објасни дека судијата го ослободила мојот поранешен партнер повикувајќи се на сликата за маж кој мора да го надмине отпорот на жената за да има секс, повторно се почувствував повредена. Бев шокирана кога дознав дека тие зборови доаѓаат од обвинител“, рече таа.

Уапсени се десетици силувачи во меѓународна полициска акција — ги дрогирале сопругите, ги снимале нападите за онлајн групи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот