Фото: FC Pelister Bitola

Пелистер ја заврши соработката со шест фудбалери

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шест играчи.

„Зелено-белиот“ дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Во изминатиот период клубот од Битола за нов шеф на стручниот штаб го назначи Борче Христов, а Димитар Митроевски е новиот претседател на ФК Пелистер.

Христов потпиша договор на две години, со јасно дефинирани цели и амбиции за периодот што следува.

Целта на Пелистер ќе биде експресно враќање во Првата македонска лига, а стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот