Ѓоковиќ го победи Сафиулин и урна рекорд на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на Вимблдон, откако со победата над Роман Сафиулин од 3-1 во сетови (7-6, 6-3, 3-6, 6-3) стана тенисерот со најмногу триумфи на престижниот турнир.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Српскиот ас со овој успех стигна до својата 106. победа на Вимблдон и го надмина рекордот на Роџер Федерер, кој досега беше осамен на врвот со 105 победи. По претходниот натпревар двајцата беа израмнети, но Ѓоковиќ сега останува сам на лидерската позиција на вечната листа.
Дуелот не започна лесно за Ѓоковиќ. Во првиот сет се водеше голема борба, па победникот беше решен во тајбрејк, каде што Србинот беше посигурен и славеше со 8-6 за водство од 1-0 во сетови.
Во вториот сет Ѓоковиќ го подигна нивото на игра и со 6-3 ја зголеми предноста, но Сафиулин не се предаде и со идентичен резултат го освои третиот сет, враќајќи ја неизвесноста во мечот.
Сепак, фаворитот не дозволи изненадување. Во четвртиот сет повторно триумфираше со 6-3 и го завери пласманот во четвртфиналето, каде што ќе се сретне со победникот од пресметката меѓу Феликс Оже-Алијасим и Алехандро Давидович Фокина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


